Е-книга · Здрав живот

Фреквенциите и човечкото тело: енциклопедија

Како звукот, светлината и електромагнетните бранови влијаат врз човечкото тело

  • Автор: Антонио Гиноски
  • Јазик: македонски, англиски
  • Формат: Е-книга (PDF)
  • Страници: 744 (македонски) · 652 (англиски)

За книгата

Ова е најголемата книга што досега ја напишав: целосна научно-популарна енциклопедија за звукот, светлината и електромагнетните бранови и за тоа што навистина ѝ прават на човечкото тело. Почнува од основите, што е бран, фреквенција, интензитет и доза, како телото само создава електрични сигнали и како работат мозочните бранови. Потоа ги обработува звукот и слухот, светлината и биолошкиот часовник, целиот електромагнетен спектар, мобилните телефони, WiFi и 5G, срцето и нервниот систем. Делот за медицинските терапии ги опишува магнетната и електричната стимулација, ултразвукот, ласерите, радиотерапијата и вградените стимулатори, а медицинската енциклопедија ги подредува по болести, од депресија и епилепсија до болка, нарушувања на сонот и рак. Посебни делови се посветени на биолошките ритми, стресот и вниманието, на митовите како 432 Hz, 528 Hz и Рајфовите уреди, на безбедноста и на иднината на медицината. Секое тврдење има оценка на доказите од 1 до 6, а на крајот се збирната табела на сите методи, речникот, индексот и библиографијата. Јас сум инженер и ја напишав за секој читател сам да може да ја разликува вистинската терапија од празното ветување.

ЦенаАкција −29%

Редовна цена: $350 Акциска цена: $250USD
≈ 13 680 MKD

Приближен износ според курсот на 6 октомври 2026. Плаќањето е во американски долари на Gumroad, а износот го претвора твојата банка или картичка.

Избери јазик на книгата

Јазикот можеш да го смениш и на Gumroad, пред плаќањето.

Купи на Gumroad
Билтен

Биди во тек со новите книги.

Нови книги, корисни водичи и едукативна содржина — директно во твоето сандаче.