ГПТ – твојот пат до заработка
Идеи и практични начини за создавање приходи со АИ
- Автор: Антонио Гиноски
- Јазик: македонски, англиски
- Формат: Е-книга (PDF)
- Страници: 140 (македонски) · 154 (англиски)
За книгата
Сите ги имаат истите алатки за вештачка интелигенција. Разликата е во тоа што правиш со нив, за кого и колку вредност додаваш ти. Оваа книга не ветува брзо богатство. Таа е практична мапа на реални начини за создавање приходи со помош на АИ, од пишување и социјални мрежи, преку дигитални производи и услуги за бизниси, до образование, технологија и подобро управување со сопствените пари.
Книгата има седум дела: основите на ChatGPT и вештината на добриот промпт, пишување и содржина, дигитални производи, услуги за бизниси, знаење и образование, технологија без програмирање и твоите пари. За секоја идеја дознаваш што всушност му продаваш на клиентот, како АИ ти помага, а каде е неопходен твојот придонес, како да започнеш чекор по чекор, каде да ги понудиш услугите или производите и на што да внимаваш. На крајот те чекаат план за првите 30 дена, алатка за избор на идејата што најмногу ти одговара и библиотека со готови промптови.
ЦенаАкција −28%
Приближен износ според курсот на 6 октомври 2026. Плаќањето е во американски долари на Gumroad, а износот го претвора твојата банка или картичка.
Купи на Gumroad
