Е-книга · Менаџмент

Патот до успешен менаџер

Стратегии и правила за успешно постигнување резултати и создавање успешен тим

  • Автор: Антонио Гиноски
  • Јазик: македонски, англиски
  • Формат: Е-книга (PDF)
  • Страници: 178 (македонски) · 148 (англиски)

За книгата

Многу менаџери ја поминуваат неделата во гаснење пожари: пораки, одобрувања и проблеми што „само ти можеш да ги решиш“. Кога работата ќе ги надвладее, заклучуваат дека треба да работат уште повеќе. Оваа книга тврди спротивно: треба да работат поинаку. Успешниот менаџер не е оној што знае сè и е присутен насекаде, туку оној чиј тим постигнува одлични резултати и кога него го нема во канцеларија. Тоа не е среќа ниту дарба, туку јасни принципи, проверени алатки и секојдневни навики што може да ги научи секој.

Книгата има шест дела што го следат природниот пат на градење успешен тим: темелите, вистинските луѓе, комуникацијата што гради, мотивацијата и самостојноста, довербата и културата, целите и промените. Секое поглавје содржи објаснување, примери од праксата, резиме и задача, а на крајот те чекаат дванаесетте правила на успешниот менаџер, план за првите 90 дена и прирачник со 12 готови обрасци.

ЦенаАкција −25%

Редовна цена: $200 Акциска цена: $150USD
≈ 8 200 MKD

Приближен износ според курсот на 6 октомври 2026. Плаќањето е во американски долари на Gumroad, а износот го претвора твојата банка или картичка.

Избери јазик на книгата

Јазикот можеш да го смениш и на Gumroad, пред плаќањето.

Купи на Gumroad
Билтен

Биди во тек со новите книги.

Нови книги, корисни водичи и едукативна содржина — директно во твоето сандаче.